Македонија
7. јуни 2016 - 11:24

Спремете се за невреме: Дожд, грмотевици и силен ветар до крајот на неделата

 
 
 
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе им а изолирана појава на  нестабилна облачност со краткотраен пороен дож и грмежи . Ќе дува умерен а долж Повардарието силен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува до околу 70 км/час.
 
Утринската температурата ќе се движи од 12 до 19, а дневната од  21 до 30 степени.
 
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до силен северозападен ветер.
 
Утринската температура до 14степени, а дневната ќе достигне до 26 степени.
 
Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и релативно свежо за овој период од годината, а во попладневните часови повторно ќе има услови нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилување на ветерот.