Македонија
20. September 2016 - 17:07

Спортистите ги поздравија најавените мерки: Само сериозно вложување во спортот може да донесе сериозен резултат

Познати фудбалски имиња ја поздравија мерката за ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии каде ќе се градат младите идни успешни спортисти. Според стрелецот на првиот гол за македонската фудбалска репрезентација Зоран Бошковски Чоко само со повеќе вложувања и инвестирање може да се оди напред.

-Само така може да се оди напред, со повеќе вложување и инвестирање. А што се однесува оваа мерка е за поздравување доколку тренерите бидат од врвен калибар, квалитетни и кога ќе дојдат во Македонија да разменат искуства со македонските тренери. Да може да нова идеја, нова филозофија која сигурно ќе придонесе понатаму за уште подобар развој на македонскиот спорт, вели Зоран Бошковски Чоко, поранешен фудбалски репрезентативец.

Мерката ја поздравија и фудбалерите Саша Чириќ и Филип Петковски

Ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии е една од 4 –те мерки кои вчера ги промовираше претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

ланот е да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери. Планот е овие тренери да се со поголеми успеси како тренери во нивната тренерска кариера, подобри од било кој тренер во Македонија. И оваа мерка ќе почне да се применува дел по дел од година во година, почнувајки од септември 2017та во соработка со спортската академија и федерациите. За следната година веќе се обезбедени пари во буџетот предложен од МФ, за ангажман на првиот тренер со поголеми меѓународни успеси кој на постојана основа ќе биде ангажиран со договор и ќе работи во фудбалската академија во Скопје, изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

 

Груевски додаде дека од 2018та ќе се продолжи со ангажман на други вакви тренери и во други спортови и во спортските академиите различни градови,