Ракомет
29. November 2016 - 15:10

Спортинг Лисабон ривал на Пелистер

Екипата на Пелистер во осминафиналната фаза од ракометниот Челинџ куп ќе игра со португалскиот тим Спортинг од Лисабон. Македонскиот претставник немаше многу среќа во жрепката и доби силен ривал.
 
Во претходната рунда португалската екипа на убедлив начин го елиминира италијанскиот тим Ромања.
 
Првиот натпревар од пресметката Пелистер – Спортинг ќе се игра во Битола на 18 февруари, а реваншот е закажан за седум дена подоцна во Лисабон.