Спорт плус
29. September 2016 - 12:21

Спорт кафе СЦ-Аеродром победник на „Скопје 2016“

Во населбата Ново Лисиче синоќа заврши традиционалниот 5-ти по ред турнир во Мал фудбал „Скопје 2016“ кој се одржува под покровителство на Град Скопје и општина Аеродром. 

Во конкуренција на повеќе од 40 екипи  првото место го освои  екипата на Спорт кафе СЦ- Аеродром која во финалето беше поуспешна од Фер Плеј Ново Лисиче совладувајќи ги со 4-1.  Покрај големиот пехар победничката екипа освои и парична награда од 160 000 денари...

Турнирот стартуваше на празникот  Богородица и беше извонредно посетен од жителите на општина Аеродром и пошироко.