Македонија
23. February 2018 - 16:13

Спорот со името ја зголемил сексуалната активност кај Грците

Грците станале сексуално многу поактивни поради спорот за името. Анкета со ваков заклучок, објави државната Агенција МИА, пренесувајќи го истражувањето од грчката новинаска Агенција АНА- МПА, според кое спорот со името во текот на последните неколку месеци го разгорел сексуалното расположение на Грците и тие двојно повеќе воделе љубов во споредба со претходно.
 
Резултатите се добиени од истражување спроведено од грчкиот Андролошки институт.
 
Откако разговорите за името во изминатиот период станале тема број 1 во Грција, истражувањето покажало дека тоа директно влијаело и на сексуалниот живот на Грците.
 
Претседателот на институтот кој го вршел истражувањето објаснува дека агонијата и стресот што грците ги доживавале од преговорите, но  и патриотизмот ги надминувале со повеќе секс од претходно.
 
Според резултатите, што ги пренесува АНА-МПА, политичката страст има директно влијание врз страста во сексуалниот живот, „бидејќи двојно се зголемиле еротските контакти, а сексот во многу случаи бил подив од претходниот.“
 
- Како што објаснува хирургот – уролог, соработник во Андролошкиот институт, Христос Флиатурас, во постарите истражувања, резултатите покажаувале просек на сексусални контакти од шест пати месечно. Наспроти тоа, во овие "жешки месеци“ сексуалното расположение двојно се зголемило -  на 12 пати месечно, што е  јасна разлика и нема сомневање за статистичка грешка, пишува грчката новинска агенција.
 
Во текстот стои и заклучок дека резултатите ги изненадиле и самите доктори од институтот. Истражувањето било спроведено преку телефонски интервјуа, онлајн прашалници и интервјуа во живо, а  учествувале 1.000 лица.