Џет-Сет
28. September 2016 - 18:34

Спомен за цел живот: Погледнете Сека што направи за малиот Јаков

Новопечената мајка Сека Алексиќ и нејзиниот син Јаков утрово во тајност го напуштија родилиштето и продолжија да уживаат во семејниот дом.

Пејачката не се одвојува од својот љубимец и постојано го држи во раце.

Сека и нејзиниот сопруг Вељко се пресреќни, а направија и нешто што засекогаш ќе ги потсетува на најрадосниот момент во животот.

Имено направија отисок од ножето на Јаков, а оваа прекрасна фотографија Сека ја сподели на социјалните мрежи.

За помалку од половина час, фотографијата собрала повеќе од 13.000 лајкови а фановите на Сека непреќинато коментираат посакувајќи се најдобро за нејзиниот син.