Македонија
21. March 2016 - 16:14

СПМ: Постапката на Јанева претставува непочитување на Собранието и на Уставот, што повлекува одговорност и разрешување

Социјалистичката партија на Македонија со изненадување го проследи одлагањето на собраниската Комисија за политички систем и односи помеѓу заедниците заради неприсуството на Специјалниот јавен обвинител, г-ѓа Катица Јанева, да го образложи Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство за период од шест месеци, како негов подносител, соопшти СПМ.

Според СПМ, денешната постапка на Специјалниот јавен обвинител претставува непримерено непочитување на Собранието на Република Македонија и на сите државни институции, како и на Уставот на Државата, што повлекува одговорност и разрешување.

-Современата повеќепартиска демократија не познава таков однос како на  Специјалниот јавен обвинител да избегнува да го образложи Извештајот пред највисокиот законодавен орган во државата од кого е избран. Во Република Македонија сите именувани и избрани лица од Собранието ја носат одговорноста пред народните пратеници во законодавниот дом, а Специјалниот јавен обвинител неможе и несмее да биде исклучок. Денешното неодговорно ингнорирање на Специјалниот јавен обвинител претставува преседан во воспоставената пракса, заснована на закон и на Устав, со што г-ѓата Катица Јанева грубо се стави над Собранието и над Уставот на Република Македонија.Социјалистичката партија на Македонија е зачудена од изјавите на одредени политички партии дека присуството на Специјалниот јавен обвинител во Собранието на Република Македонија не е битно, со што се сака да избегне од соочување со пратениците, а преку нив и со македонската јавност. Или пак се сака да се сокрие непрофесионалното и селективно работење на Специјалното јавно обвинитеслтво, како и оредени факти до кои може да се дојде со нејзино пошироко образложение, дискусии и поставени прашања, за кои граѓаните мораат да бидат информирани, соопштија од Социјалистичката партија на Македонија.