Македонија
25. July 2016 - 19:36

Списокот со спорни гласачи од утре ќе биде објавен на страницата на ДИК

Државната изборна комисија ќе објави јавен повик за пријавување на спорените гласачи во избирачкиот список. 39 илјади избирачи чии податоци не се совпаѓаат утре ќе бидат објавени на интернет страницата на ДИК. Истите ќе бидат и писмено известени со што ќе имаат рок од 25 дена да се пријават. Пријавувањето ќе почне од 26 јули а ќе трае до 19 август.

За поефикасно спроведување на договореното ќе се користат и податоци од управата за водење на матични книги.

Според членовите на државната изборна комисија меѓудругото се очекува апликацијата за електронско пријавување да биде успешна.

На денешната седница Државната изборна комисија усвои и правилници за спроведување на проверката на гласачите што беше предвидено со последните измени на Изборниот законик.