Спорт плус
22. August 2016 - 10:43

Спектакуларно затворени игрите во Рио

По 16 денови и настап на повеќе од 11.000 спортисти од 206 држави, во 28 спортови, завршија 31-те Летни олимписки игри, чии домаќин беше Рио де Жанеиро.
 
Церемонијата на свеченото затворање на Игрите беше вистински спектакл, односно карневал кој траеше речиси три часа.
 
Првиот човек на МОК, Томас Бах, на затворањето порача дека Бразил за време на 16-те денови успеал со родоста кон животот да го инспирира светот.
 
„Ова беа фантастични олимписки игри, ова е фантастичен град“, рекол Бах.
 
Наредните Олимписки игри ќе се одржат за четири години, во јапонската престолнина Токио, каде спортистите ќе се натпреваруваат во 33 дисциплини. Игрите во 2022 година ќе се одржуваат од 24.јули до 9.август.