Фудбал
5. July 2016 - 14:00

Спектакуларен дочек за исландските фудбалери

 
 Исландската фудбалска репрезентација и покрај високиот пораз (5:2) во четвртфиналето од домаќинот на ЕУРО 2016 Франција, спектакуларно беше дочекана од илјадници сонародници.
 
Фудбалерите на Исланд во панорамски автобус продефилираа низ улиците на Рејкјавик, а потоа на централниот плоштад следуваше забавата.
 
Не изостана нивното препознатливо „Ху“ бодрење кое ќе биде запаметено како еден од белезите на овој шампионат.
 
Исланд и покрај тоа што важеше за аутсајдер на ЕП, стигна до четвртфиналето каде беше запрен од Франција. На својот пат меѓу осумте најдобри Иланѓаните направија сензација елиминирајќи ја Англија во осминафиналето.