Македонија
12. May 2016 - 20:34

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска и утре е престојува во Скопје

Спроведувањето реформи за излез од политичката криза е во фокусот на еднодневната посета на специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл на Макеоднија. Во кусата писмена изјава по неговото пристигнување во Скопје, високиот дипломат порача дека времето е кусо и потребен е напор од сите политички партии за задржување на европскиот пат.

- Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првенствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот

Прва на агенадата на Хајндл беше средбата со шефот на макеоднската дипломатија Никола Поповски.

Од таму тој излезе без коментар за медиумите.

Од кабинетот на Попоски соопштија дека на средбата биле споделени очекувања дека напорите за надминување на политичката криза во државата остануваат фокусирани на исполнување на реформите со кои ќе се задржи препораката за водење на пристапни преговори со ЕУ, која Република Македонија прв пат ја доби од Европската комисија во 2009 година.

Попоски изразил благодарност за ангажманот на Германија и традиционалната поддршка од оваа земја. Нагласил дека важноста политичката криза да биде надмината преку решенија кои се единствено поддржани од македонските институции, политички чинители и пред се граѓаните на Република Македонија, а чија воља се изразува на избори.  

Попладнево Хајндл се сретна и со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Од  партијата соопштија дека на средбата Груевски посочил дека  интерес на државата, и на сите граѓани е надминување на кризата и враќање на патеките на напредокот и економскиот развој. Граѓаните посакуваат решенија кој ќе значат враќање на нивната сигурност, но и спокојство

Тој посочил дека секое решение треба да биде базирано врз почитување на волјата на граѓаните, нивното расположение како главна определба и носечка сила во градењето и развојот на демократското општество.

Претседателот на ВМРО-ДПНМНЕ истакнал дека во носењето на своите одлуки поаѓа од интересот на граѓаните, почитување на нивната волја и запазувајќи ги државните интереси.

Во поглед на интеграциските процеси Груевски посочил дека стратешки интерес за државата е членството во Европската Унија и НATO алијансата и континуирано се преземаат мерки и активности поврзани со реформската агенда.

Средбите со останатите политички лидери се закажани за утре изутрина. Во меѓувреме ќе се одржи и средба со амбасадорот на САД во земјава Џес Бејли.

Специјалниот пратеник беше именуван од германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер. Пред посетата на Скопје, тој беше на консултации во Вашингтон и Брисел. По завршувањето на разговорите во земјава, според неофицијални информации Хјндл ќе отпатува во Атина.