Балкан
17. July 2017 - 12:47

Спасувачка операција за романски алпинист заглавен на Олимп

Грчки спасувачки екипи претпладнево ги продолжија напорите за спасување на романски алпинист, кој од саботата е заглавен на планината Олимп.

Напорите за спасување ги отежнува непристапната место каде што се наоѓа алпинистот и неповолните временски услови во областа каде од вчера врне обилен дожд.

Според локалната служба за пожари, доцна синоќа спасувачите ја утврдиле локацијата на 30-годишниот Романец, но не можеле да стигнат до него.