Спасовски: Оние кои имаат забрана не можат да ја напуштат државата
Во моментот кога ќе ги добиеме одлуките од судот ние ќе постапиме како МВР. Мора да постапиме врз основа на акт, врз основа на налог, врз основа на решение кое ќе го носи судот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за тоа што е преземено во врска со тие мерки каде одредени колеги од одредена полициска единица можат да влијаат врз сведоците кои се во истата единица.
Во моментот кога ќе ги добиеме решенијата, посочи, МВР е подготвено да делува 24 часа врз основа на судските одлуки.
Тој рече дека постојат лични податоци на граѓаните кои се декларирани во системот на МВР.
- Оние кои имаат забрана нема да можат да ја напуштат Република Македонија без разлика дали имаат пасош, дипломатски пасош или лична карта, додаде Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на проектот „Добредојде бебе“.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592