Македонија
19. July 2017 - 16:46

Спасовски: МВР не одлучува наместо Судот - ВМРО-ДПМНЕ: Апелација носи одлуки за заплашување

МВР не може да одлучува наместо судот, туку е должно да ги спроведува донесените одлуки. Министерот Оливер Спасовски велуи дека ги немаат добиено решенијата на Апелација да направата распоред за работа во однос на предметите во кои се опфатени вработенми во полицијата. Спасовски вели дека евентуалното прекршување на законот и евентуалното влијание врз сведоци во тој период не може да биде негова одговорност.

ВМРО – ДПМНЕ по вчерашниот прес и денеска реагиршае на одлуката на Апелација за определување на мерки притвор за тројца од обвинетите во слупчаите Таргет и Тврдина. Од партијата оценуваат дека одлуката има со цел да испрати порака на заплашување, не базирана на докази туку на политички одлуки. ОД ВМРО – ДПМНЕ тврдат дека работата на СЈО е со цел политички прогон на нивните членови.

На денешната јавна седница, СЈО во постапка пред Апелација бара мерка притвор и за обвинет во случајот ТНТ.