Македонија
4. October 2016 - 16:36

Спасовски му забранил на Андонов да дава изјави

Со писмен документ минисетрот за внатрешни работи Оливгер Спасогвски го информирал дполнителниот заменик министер Андонов дека му забранува јавен настап без претходно добиена согласност од него. Андонов вели дека ваквиот потег е преседан и врв на незаконското работење и самоволие на Спасовски. Дополнително Андонов реагира на наредбата со која Спасовски им забранил на вработените во  одделението за односи со јавност да пружаат било каква лоигистичка поддршка на неговиоте и активностите на негоивиот кабинет, а во спротивно им се заканил дека ќе следуваат дисциплински мерки. Дополнителниот заменик министер вели дека ова е обид за воведување на цензура и тврди дека ниту политичкиот договор ниту законот за влада му го дозволуваат ваквото постапување на Спасовски.

Андонов ги демантираше информациите кои во јавност ги изнесе министерот Спасовски, тврдејки дека сите вработувања во МВР се согласно закон и за сите е се обезбедени средства за исплата на плата, што и било потврдено во текот на вчерашниот ден. Андонов информира дека до Управниот суд пондел пријава за поништување на според него незаконските смени без почитување на процедура.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни ги повика вработените во МВР да си ја вршат работата согласно закон, а тој ќе ја води кумникацијата која ја воспоставил Спасовски.