Македонија
23. July 2017 - 14:20

Спасовски - Мектиќ: Македонија и Бих да потпишат договор за патување со лични карти

Министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски и министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ на денешната средба во Сараево, разговарале за можноста за потпишување договор помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за патување со лични карти за граѓаните.

- Министрите исто така ја потврдија и подготвеноста на двете страни за потпишување на договор за взаемно признавање на возачките дозволи кое е договорено за средината на септември годинава, кога ќе се реализира наредната посета на министерот Спасовски на Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението од македонското МВР.

Министерот Спасовски е дел од владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, која е во посета на Сараево.

Како што соопшти МВР, министрите ја истакнале успешната и континуирана соработка во областа на внатрешните работи на двете земји, како и потребата од развивање на регионална соработка на полето на организираниот криминал.