Кошарка
30. јуни 2017 - 14:27

Спасев и Ивановиќ заминуваат од Химки

Македонскиот кошаркарски тренер Тане Спасев кој минатата година беше дел од Стручниот штаб на рускиот гигант Химки заминува од клубот заедно со својот ментор Душко Ивановиќ откако раководството неочекувано го назначи за прв тренер гркот Барцакас. 

Химки минатата година играше финале на ВТБ лигата и се врати во Евролигата но и покрај успехот дојде до разделба на двете страни. 
Спасев кој потекнува од Штип веќе долго време работи  во Европа и најверојатно заедно со Ивановиќ ќе продолжат на нова дестинација.