Македонија
27. March 2017 - 16:43

Спахиу: Еди Рама е виновен за одлуките на Иванов

Еди Рама со својата платформа за Македонија му даде аргументи на Претседателот Ѓорге Иванов за да не го додели мандатот за состав на новата влада, а воедно и да ја обвини Албанија за мешање во внатрешните работи на Македонија. Овој став го дели екс претседателот на врховниот суд на Албанија од 20017 до 2012, Крешник Спахиу кој смета дека Рама со албанската платформа направил кардинална грешка вмешувајќи ја Албанија во исклучително сензитивната политичка состојба во Македонија.  

Спахиу е поранешен претседател и на Транспаренси интернационал за Албанија, а важи за националист по идеологија, честопати настапувајќи и како ултранационалист. Основач и претседател е на Црвено Црната Алијанса.

Спахиу во интервјуто за Телевизија ОРА, највлијателниот ТВ медиум во Албанија, ги расчисти дилемите и практично потврди дека Еди Рама е творец на платформата со која настапубваат албанските партии во Македонија.