Ракомет
17. December 2015 - 8:24

СП - жени: Полуфиналето без домаќинот Данска

Репрезентацијата на Романија успеа да се пласира во полуфиналето на Светското првенство за ракометарките. Откако во осминафиналето го елиминираа светскиот првак Бразил, синоќа во четвртфиналето Романките беа подобри и од домаќинот Данска. Тие постигнаа минимална победа од 31:30.
 
Минимална победа од 26:25 оствари и олимпискиот и европски првак Норвешка во дуелот со Црна Гора (прв загубен натпревар на првенството). Првиот пораз на шампионатот значеше и крај за шансите за медал и за селекцијата на Русија, која загуби од Полска истотака со гол разлика 21:20. Единствено Холандија со три разлика ја победи Франција – 28:25.
 
Денеска на шампионатот е слободен ден, а во петок се играат полуфиналните дуели: Холандија – Полска и Норвешка – Романија. Истиот ден се и дуелите за пласман од 5-8.место: Франција -Русија и Данска – Црна Гора.