Спорт плус
8. August 2015 - 8:59

СП ватерполо - жени: Златен медал за Американките

Женската ватерполо репрезентација на САД го освои златниот медал на СП во ватерполо што се одржува во Казањ. Во финалето Американките славеа победа над Холандија со 5:4 (0:1;2:1;3:1;0:1).

И двете репрезентации имаа по еден пораз во групната фаза од натпреварите, но затоа подобро играа во нок аут фазата.
Во дуелот за 3.место Италија ја совлада Австралија со 12:10.по изведување пенали.