Спорт плус
2. August 2015 - 11:12

СП ватерполо жени: Одиграни првите елиминациски дуели

На Светското првенство во ватерполо за жени синоќа се одиграа првите елиминациски дуели, по кои се познати четвртфиналните двојки. Најубедливата победа ја оствари Холандија, која со 21:1 ја совлада селекцијата на Казахстан. Кина оствари триумф над Бразил со 10:8, а Грција беше подобра од Канада со 8:5. Селекцијата на САД ја победи Унгарија со 12:7.
Во четвртфиналето двојките се: 
Шпанија – САД, 
Австралија – Кина, 
Италија – Грција и 
Русија – Холандија.
 
Денеска на СП се играат елиминациските натпревари (осминафинале) во машка конкуренција, а двојките се: 
Казахстан – Црна Гора, 
Јужна Африка – Австралија, 
Канада – Италија и Бразил – САД. 
Пласман во четвртфиналето имаат обезбедено: Хрватска, Србија, Унгарија и Грција.