Спорт плус
16. February 2017 - 15:55

СП скијање: Златен медал за Теса Ворли

Французинката Теса Ворли го освои златниот медал во трката во велеслалом на Светското првенство во Сент Мориц. За Ворли ова е втор златен медал на Мундијалот, откако претходно обеди со Франција во тимскиот натпревар.
 
Теса Ворли со вкупно време 2:05.55 минути го освои златниот медал во велеслалом. Таа веќе има два златни медали во Сент Мориц, а во кариерата ова е четвртиот златен медал, откако во 2011 година во Гармишг победи во тимскиот натпревар, а во 2013 година во Шладминг стана светска првенка во велеслалом.
 
Ворли доминираше во велеслаломската трка, беше најбрза по првата трка, а во втората со сигирну возење не дозволи некој да и го одземе најсјаното одличје.
 
Ворли, која води во Светскиот куп во оваа дисциплина, до првото место стигна пред најголемите ривалки, Американката Михаела Шифрин, од која беше побрза за 34 стотинки и Италијанската Софија Гоџи, која ја надмина за 74 стотинки.