Ракомет
17. January 2017 - 17:39

СП Ракомет: Норвежаните пресилни за Бразил

Иако се очекуваше порамноправен дуел ракометарите на Норвешка уште еднаш потврдија дека се во добра форма и ја декласираа селекцијата на Бразил со 39-26 во меч во кој го мелеа противникот од самиот почеток на средбата. 

Најефикасен на теренот беше Сагосен со 7 погодоци. 
Со овој триумф Норвежаните се блиску до втората позиција на табелата што може да им донесе дуел со нашата репрезентација доколку ние завршиме како 3. пласирани во Б-групата за што е потребна победа против Исланд. 
Во спротивно како 4. пласирани ќе одиме на мегдан на домаќинот Франција.