Ракомет
22. January 2017 - 10:02

СП Ракомет: Канељас и Душебаев ја однесоа Шпанија во 1/4 финале

Шпанија во последните 90 секунди спречи сензација на ракометниот Мундијал и успеа да слави над Бразил со 28:27. Бразилците имаа два гола предност на полувреме, во вториот дел рамноправно се носеа со фаворитот, а Шпанците во последните 90 секунди го решија прашањето на победникот. Најпрвин ривера погоди за 27:26, а потоа Душебаев за 28:26.

Играчите на Вардар Канељас и Душебаев со по пет гола ја предводеа Шпанија, која во четвртфиналето ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Хрватска и Египет.

Словенија, во второто полувреме, со убедлива игра успеа да слави над Русија 32:26. Словенците второто полувреме го добија со 19:11. Следен противник на Словенците ќе им биде Германија или Катар.

На сличен начин домаќинот Франција се справи со Исланд. Французите имаа 14:13 на полувреме, а на крајот славеа со 31:25. Франција во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Белорусија и Шведска.

Норвашка која во осминафиналето славеше над Македонија со 34:24, во четвртфиналето ќе игра против Данска или Унгарија.