Спорт плус
28. October 2016 - 10:48

СП Карате: И Павлов без шанса за медал

Емил Павлов на патот до медалот на Светското првенство во карате кое се и одржува Линц, Австрија е сопрен од Азербејџанецот Фридовси Ферзалиев, кој славеше со 1-0 во четвртфиналето.
 
Павлов, пред борбата со Азербејџанецот, ги победи Максимилијано Лароса од Уругвај 6-2, Хо Ли Чун од Хонг Конг 3-0 и Пинто Гонцало од Португалија 2-0.
 
Нашата најголема надеж ја изгуби можноста да се бори за медал преку репасаж, бидејќи Ферзалиев во полуфиналето е поразен од Геофреј Беренс од Холандија со 1-0.
 
Сара Радичевска (-50 кг) загуби од противничка која досега ја победувала три пати, Хрватката Моника Берулец 0-2.
 
Денеска Симона Заборска (-55 кг) стигна до четвртфиналето каде што на изјаснување (0-0) беше совладана од Сални Сјакила од Малезија, откако претходно забележа три победи против Вероника Халодова од Чешка 4-0, Илаха Гасимова од Азербејџан 1-0 и Бренди Робинсон од САД 3-0.
 
Симона ја изгуби можноста во репасажот да се бори за бронзениот медал, бидејќи Сјакила беше поразена во полуфиналето.
 
Наташа Стефановска (-61 кг) забележа победа и пораз, таа ја совлада Клаудија Ионита од Романија со 3-1, а беше поразена од Жаклин Фактос од Еквадор 3-4. Ненад Келебиќ (-67 кг) забележа две победи , а во третото коло беше поразен.
 
Келебиќ ги победи  Ханг Лау Чи од Хонг Конг со 4-0 и Фахад Алхатами од Саудиска Арабија 0-0 со судиско изјаснување, а беше поразен со 2-0 од Белорусинот Валери Паруха.
 
Така и вториот ден продолжуваат неуспешните настапи на нашите каратисти на Светското првенство откако во средата Жарко Арсовски, Петар Спасеновски, Енес Смаилагиќ и Пуликсенија Јованоска не остварија позначаен резултат.