Ракомет
22. January 2017 - 19:36

СП Франција: Катар со фуриозен финиш ја елиминира Германија

Ракометарите на Катар ја приредија најголемата сензација на СП во Франција откако во драматичен меч со  невиден пресврт славеа над европскиот првак Германија со 22-20. 

Интересно на само 5 минути пред крајот Германија водеше со 19-17 но дозволи противникот да направи фуриозна серија и да се радува на пласманот во 1/4 финалето каде ќе игра против Словенија.