Спорт плус
10. August 2017 - 15:43

СП Атлетика: Престижно признание за Зоран Михајлов

Доајенот на македонското спортско новинарство Зоран Михајлов  ја прими високата награда  од Асоцијацијата на спортски новинари за посебни заслуги во атлетскиот спорт, како и за учество на над 10 светски првенства и 15 олимпијади. Наградата му ја врачи Џани Мерло претседател на АИПС заедно со прославеното име на атлетиката Себастијан Коу. Тоа се награди кои се доделуваат за најрепрезентативните коментатори и новинари во светот. Наградата му е доделена на СП во Лондон.

Зоран Михајлов е поранешен државен атлетски првак и рекордер и од атлетските патеки доаѓа во МТВ и тука заедно со покојниот Иван Мировски ги поставија темелите за коментирање на атлетиката во Македонија. Михајлов коментираше атлетика и за ЈРТ.