Балкан
7. July 2015 - 17:57

Создавањето на Сириза е процес туркан од барикадите на улиците низ Атина, предизвикани од енормната корупција на грчките власти

Создавањето на Сириза е процес туркан од барикадите на улиците низ Атина, предизвикани од енормната корупција на грчките власти поврзани со коруптивните политичари и банки од Европа кои во Грција свесно пласираа 300 милијарди евра без цврсти гаранции, а потоа дел поделија меѓу себе чувајќи си го грбот во Атина и Брисел, стои во анализата на порталот МЕДИА.МК.

Основа на колацијата Сириза е Синаспизмос – партија од осумдесеттите која на изборите во 1989 година успеа да освои дури 855.500 гласови, и да добие 28 места во грчкиот парламент кој има 300 пратеници. Изборен резултат на Синаспизмос предизвика загриженост во капиталистичка и десно ориентирана Европа, по што следеа притисоци и акција за неутрализација, па на изборите во 2.000 ­та година партијата освои нешто повеќе од 200.000 гласа, и шест места во парламентот.

Но во 2004 година, за прв пат на избори се појавува нова политичка опција, лево ориентираната колаиција Сириза, на која им се придружуваат мали и нови партии ­. Комунистичка партија која постојано е дел и на грчкиот парламент, не влегува во Сириза, со што коалицијата се ослободува од комунистичката примеса.

Новата кризна ситуација покажува дека ПАСОК и Нова Демократија, всушност, се две глави на истиот коруптивен змеј, и дека единствен лидер кој народот го препознава како свој борец е Сириза, на чело со младиот Алексис Ципрас, која на изборите во 2012 добива поддршка од 1.655.000 гласови.

Со стапување на големата сцена Ципрас отвара нова страница во грчката политика. Ципрас не е припадник на богатите грчки семејства кои во политиката влегуваат и делуваат зависно од интересите на своите компании. Тој пред изборите најави дека нема да ги признава познатите причини и последици за долговите, дека ќе бара преиспитување на тие трансфери и корупцијата која ги следи, дека ќе ги зголеми гарантираните минимални плати на 750 евра месечно. Поради тоа Сириза победи убедливо на изборите во Грција и во колаиција со Партијата на незвисните Грци составија влада само еден час по објавување на конечните резултати со кои Сириза има 149 пратеници.

Ако се погледне грчката изборна мапа, ќе се види дека Сириза има победа во сите индустриски центри каде преовладуваат работници и студенти.

Програмата на Сириза беше составена од 40 точки. Според МЕДИА.МК она што за богатите и за Европа е опасно се неколку ставки во тој список: Ревизија на јавниот долг и преговорите со Брисел и банкарската тројка  околу долгот и каматите. Зголемување на даноците за 75% на сите приходи над 500.000 евра годишно, Национализација на банките, Референдум за преговорите со европските држави околу грчкиот долг. Ова се исклучително длабоки и темелни промени на грчкото општетво, и грчката геостратешка позиција во светот. Реализацијата на наведеното ќе оди тешко, со силен отпор кој ќе биде спрега на грчките богати семејства, остатоци од стартите власти и интересите на САД, Франција, Германија и особено Велика Британија.

Но, ако промните во Грција успеат барем во поголем дел од она што Сириза го најавува, тоа ќе биде голем предизвик и сериозно подривање на власта која, реално, во Европа ја имаат банките и фонодвите, а не владите во многу европски држави. Затоа, според анализата на МЕДИА.МК не е прашање дали Сириза и Ципрас навистина сакаат и можат да го направат тоа што го најавуваат, прашање е колку Вашингтон, Париз, Берлин и Лондон тоа ќе го дозволат.

Откако Сириза стигна до власта, новиот премиер Ципрас го назначи Варуфакис за негов нов министер за финансии. После најавата на Ципрас во јуни дека Грција ќе одржи референдум, Варуфакис воведе капитална контрола, лимитирајќи ги банкоматите на 60 евра на ден и затворање на банките.

Варуфакис за медиумите изјави дека има подготвен договор кој ќе го потпише доколку Грција изгласа „не“ и дека банките ќе бидат повторно отворени, но тоа сé уште не се случи. Напротив, варуфакис денеска поднесе оставка, потег кој може да се протолкува дека тој бил тројанскиот коњ на западните банкари во грчката влада, чија цел била да ја подготви земјата за сценариото што следува, иако цело време се промовираше за борец за грчките интереси.