Свет
23. September 2016 - 21:23

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за поддршка на глобална забрана на нуклеарни проби

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за поддршка на скорешното стапување во сила на Договорот за сеопшта забрана на нуклеарни проби, пренесува ТАСС.

Резолуцијата беше одобрена од 14 земји, а Египет се воздржа.

Со резолуцијата се повикуваат сите држави кои не се потписнички и не го ратификувале договорот, да го направат тоа без одлагање.
Во неа се истакнува дека ова се однесува претежно за осумте земји кои поседуваат нуклеарно оружје или имаат можност да го создадат - Египет, Израел, Индија, Иран, Кина, Северна Кореја, Пакистан и САД. Без тие да се приклучат на документот, тој не може да влезе во сила.