Свет
20. May 2016 - 10:32

Советот НАТО-Русија повторно ќе заседава следните недели

Советот НАТО-Русија повторно ќе одржи седница пред самитот на Северноатланстаката алијанса во Варшава.

Ваквата одлуката е донесена синоќа од страна на министрите за надворешни работи на Алијансата, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој наведе дека е потребно одржување на Советот НАТО-Русија, за да се обезбеди транспарентност и за да се избегнат инциденти, па затоа треба да се одржи нова седница пред јули.

Седниците на Советот НАТО-Русија беа прекинати по анектирањето на Крим кон Руската Федерација пред две години, но продолжија пролетва.