Македонија
12. September 2017 - 16:17

Советот на Општина Охрид донесе одлука за референдум на 15 октомври

Охриѓани на Референдум на денот на изборите 15 октомври ќе се изјаснат дали сакаат на подрачјето на општина Охрид да се доселуваат лица кои бараат азил.

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека со носењето на стратегијата за бегалци на национално ниво е предвиденo изградба на станови за нивно згрижување, бесплатно образование, здравство и социјални услуги.

СДСМ и коалиционите партнери тврдат дека иницијтивата за свикување референдум е неоснована и дека спорно е да се одлучува по оваа проблематика додека советниците нa ВМРО ДПМНЕ потенцираа дека во ниту еден момент не е нарушена законската процедура.

После двапати одложување на денешната седница на советот на општина Охрид со 13 гласа за и двајца воздржани беше донесена одлука за распишување на референдум на локално ниво во врска со прашањето за бегалците.