Македонија
26. January 2016 - 17:06

Советот на јавни обвинители побара од СЈО записник од предадените материјали, Јанева разрешила и двајца обвинители

Специјалниот обвинител Катица Јанева незаконски избркала двајца обвинители од својот тим. Претседателот на советот на обвинители информираше дека по реакцијата на своите колеги на денешната седница е формирана комисија која ќе го испитува овој случај. Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска се пожалиле дека без образложение биле избркани. Од нив било побарано да ги предадат сите материјали за  случајот на кој работеле и да ја испразнат канцеларијата во специјалното обвинителство.

 Советот Барат од Јанева да даде образложение за оваа одлука која всушност е одлука која ја носи советот.

Тие се избркани на 20 овој месец а дури вчера од Јанева стигнал допис во советот вели Аневски. Според нејзиното известување , обвинителите наводно сами побарале да си заминат од тимот, а одлуката ја донела  поради намалениот обем на работа на специјалното обвинителство. Советот на јавни обвинители донесе заклучок со кој бара  отчет од специјалниот јавен обвинител Катица Јанева за примопредавањето на материјалите од Зоран Заев. За најкратко  време Јанева треба да одговори по што ќе се оценува  законитоста во нејзиното работење.

Советот е единствениот орган кој  има право да ја цени стручноста во работењето на Јанева. Деновиве ќе биде повикана да даде образложение пред членовите.