Советник на Трамп: Американските медиуми се опозициска партија
Стив Бенон, водечкиот стратег на претседателот на САД, Доналд Трамп ги нарече синоќа американските мејнстрим медиуми „опозициска партија“ и порача дека би требало да „го држат јазикот за заби“.
Во телефонско интервју за Њујорк тајмс, Бенон рече дека медиумските органзиации се „понижени“ со својот неуспех да ја предвидат победата на Трамп на претседателските избори во ноември минатата година.
– Медиумите би требало да се чувствуваат посрамотено и понижено, да го држат јазикот за заби и само да слушаат некое време, смета Бенон.
Тој оцени дека „медиумите се овдека опозициска партија“, а подоцна додаде дека не мисли на Демократската партија.
Според него, медиумите „не ја разбираат оваа држава“.
– Тие се уште не разбираат зошто Доналд Трамп е претседател на САД, изјави Бенон. Би-Би-Си наведува дека Бенон првенствено мислел на мејнстрим или елитни медиуми и посебно ги споменал Њујорк тајмс и Вашингтон пост.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево