Македонија
23. February 2016 - 11:39

Состојбата во ПТЦ Гевгелија е мирна, 733 мигранти синоќа заминаа кон Табановце

Претпладнево состојбата во ПТЦ Гевгелија е мирна. Во моментот во кампот нема бегалци, тој е празен откако последната група од 733 мигранти од Сирија и Ирак синоќа беа транспортирани кон Табановце, соопштија од регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија.

Протокот на мигрантите е побавен и од грчка страна каде исто така се применуваат построги критериуми за идентификација, а според слободна проценка на просторот кај Идомени во близина на котата 59 се наоѓаат 3 до 4 илјади мигранти кои чекаат влез во Македонија. Патот кон земјите на ЕУ ќе можат да го продолжат само мигрантите кои доаѓаат од Сирија и Ирак.