Македонија
19. August 2016 - 17:12

Состојбата во поплавените места се стабилизира

Состојбата во општината е нормализирана, куќите се исчистени се прават и последните проценки на штетите. Целосно е исцрпена водата во загрозените места а исчистен е и главниот канал кој ги собрал надојдените води. Владиниот координатор Ристовски направи увид во состојбите на каналите и местата кои беа поплавени близу автопатот.

Градоначалникот на општината појасни на мапата какво било течението на водата и како целото езеро од надојденаа вода се излеало преку каналот кој минува низ Илинден. Во интезивна функција е и препумпната станица која е со капацитет од  200 литри вода во секунда.

Во Илинден беа поплавени околу 20 тина домаќинства и неколку стопански објекти.