Македонија
23. November 2015 - 19:56

Состојба со мигрантите на мекедонско – грчката граница

За разлика од претходните денови кога нивната бројка беше над 1000, денеска сликата е многу поинаква бидејќи поголемиот дел од синоќа се вратени назад, а на границата има помеѓу 150 до 200 економски мигранти кои упорно одбиваат да се вратат назад. За разлика од нив бегалците од Сирија, Авганистан и Ирак и денеска без проблем се пропуштаат и се упатуваат во прифатниот центар кај Гевгелија.

,, Ние сме овде  затоа што бараме подобар живот. Ако сме имале добар живот не би биле овде без храна,  облека и вода. Не само јас туку сите што сме тука одиме во потрага по подобар живот. Патував седум дена за да дојдам  до тука, дури бев приморама да спијам во пустина за да стасам до одредена дестинација.,, вели една од мигрантките

По  регистрацијата  во центарот и добивањето на  неопходната хуманитарна помош мигрантите  го продолжуваат нивното патување. Според МВР во последното денокие биле издадени ниви близу 6000 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил. Од нив над 1800 биле деца.