Балкан
28. јуни 2017 - 11:39

Соседот ѕверски ја силуваше и уби Марија (8), а него го стигна смртта на нејзиниот роденден: 7 години потоа таткото објави

Седум години поминаа од смртта на осумгодишната Марија Јовановиќ, која беше силувана и убиена од нејзиниот сосед Младен Огулинац.

Страотното злосторство кое ја вознемири српската јавност, ги натера властите да изгласаат Закон на Марија, насочен против педофилите.

Таткото на Марија, Слободан Јовановиќ во понеделник на седмогодишниот помен на својата ќерка објави писмо со следнава содржина:

-Велат, оние кои веруваат во тоа, дека циклусите на среќа и несреќа наизменично се менуваат на секои седум години. Дали тоа е навистина така, незнам да ви одговорам. Можам само делумо да го потврдам другиот дел, за седумте години несреќа.

Точно толку поминаа од оној 26 јуни кога на брутален начин беше прекинато едно детство. Откако престана да чука срцето на Марија. Седум години тага и несреќа. Злосторниот на најбрутален можен начин грабна и угаси еден мал живот, претходно изживувајќи се над немоќното детско тело, задоволувајќи ги своите ѕверски нагони.

На крвникот и ден денеска се сеќаваат. Кога објавуваат имиеа и слики од отпадот со човечки облик ги споменуваат неговите злодела.


Датумот на страдањето на Марија малку кој го знае. Веројатно така мора. Се спомнува повремено низ Законот кој колоквијално го носи нејзиното име, наспроти ситуацијата и медиумскиот пригоден момент.

Денеска кога се навршуваат седум години од нејзиното страдање и упокојување, низ глава ми се врти само една мисла и прашање. Колку вистина има во тој наизменичен циклус каде на седум години се менуваат среќата и несреќата?

Ако е тоа вистина, дали јас ќе умеам да ја препознаам (среќата) или засекогаш ќе остане закопана, пред седум години на гробиштата во Стари Лединици?

Наместо фотографија од прославата на полуматурата (нејзината генерација овој јуни заврши осмо одделение) ја делам оваа оваа слика која сведочи за животот во претходните седум години, напиша Јовановиќ.

Марија беше пронајдена мртво во дворот на соседот

Осумгодишната Марија исчезна на 26 јуни 2010 година од својата куќа во која била со помладиот брат. Соседот Огулинац, чија сестра повремено ја чувала Марија и нејзиниот брат го искористил познанството со девојчето и го намамил во својата куќа во ул. Вук Караџиќ.

По враќањето од работа, родителите тргнале во потрага по девојчето. Нејзиното тело го нашол таткото во дворот на соседот Огулинац. Била силувана и задавена.

Убиецот и силувач на роденденот на Марија е пронајден мртов

Истата година, два месеци подоцна, точно на денот на роденденот на Марија, Огулинац е пронајден мртов во затворската ќелија во Окружниот затвор во Белград. Умрел од инфаркт и не дочекал ниту судење ниту казна.

Со желба судбината на Марија никогаш повеќе никој да не ја доживее, таткото Слободан покрена иницијатаива која доведе до усвојување на Закон против педофили.

Насловен по неговата ќерка, Законот на Марија е усвоен во 2013 година и според него е отфрлена можноста за застарувње на кривичното дело педофилија и силување на малолетници, а проширени се и мерките против педофилите и силувачите а казните се зголемени на 20 години. Според овој закон формирана е и евиденција на педофили со ДНК податоци.