Балкан
18. April 2016 - 9:24

Соседите на убиената Јелена во паника - Еве зошто

Во белградската населба Црвенка каде трагично го загуби животот Јелена Крсмановиќ, владее молк и тага и две недели по смртта.
 
Соседите на пејачката на Гранд се во страв бидејќи убиецот шета слободен на улица, па ги заклучиле своите капии и седат дома. 
 
Тие и понатаму се во шок и неверување за настанот кој ја потресе цела Србија. 
 
За убиството на Јелена има две теории. Едната е дека Јелена била жива фрлена во каналот, каде убиецот се обидел да ја задави, а откако не успеал земал дрвена палка и ја усмртил. Втората теорија е дека несреќната 33-годишна мајка била брутално удирана со палката па ввеќе по петтиот удар го загубила животот, и мртва целата искасапена била фрлена во канал.
 
Полицијата работи на собирање докази и интензивно трага по убиецот на Јелена.