Балкан
17. January 2017 - 16:31

Соросовката Јелена Милиќ избега од Вучиќ: Оди слободно и не се враќај

Нато-лобистот Јелена Милиќ се обидуваше да ја понижи Србија и нејзиниот народ, поистоветувајќи го воениот злосторник Рамуш Харадинај со српските генерали.

Во гостувањето во емисија на телевизија „Пинк", каде присуствуваше и премиерот на Србија Александар Вучиќ имаше тешка и жестока дебата поврзана со различни теми од политичката сцена во државата. Во извесен момент кога премиерот констатираше дека ставовите на Милиќ се контра интересите на Србија, таа демонстративно го напушти студиото.

Во моменотот кога го напушташе студиото, Вучиќ нагласи дека се' било однапред испланирано и дека таа му најавила на уредникот на ТВ „Пинк", Жељко Митровиќ дека ќе го напушти студиото за да направи скандал. Иако свесен за „местенката" тој сепак решил да присуствува бидејќи се чувствува должен да ги брани интересите на граѓаните на Србија.