Македонија
17. May 2016 - 16:37

Сорос заглавен во Панама документите, неговите новинари истражувачи го криеле - Перел пари за оружје, ги пегла и во Македонија

Објавија 11,5 милиони документи, поврзаа голем број високи политичари со скандали со перење пари но не успеаја да ги најдат оф шор фирмите на Џорџ Сорос иако тие им беа пред очи во текот на целото истражување. Водечката американска телевизија, Фокс Њуз го откри правото лице на соросовото новинарство. Аферата со Панама документите фрли право светло врз истражувачките новинари од фондацијата на СОРОС.

Меѓународниот конзорциум успеа да пронајде документи за вмешаност во скандалот за премиери, членови на нивните семејства, пејачи, актери но случајно не ги види документите за трите оф шор фирми на милијардерот регистрирани во Панама, на Девствените острови и на Бермуда, места кои важат за даночни раеви и се користат за перење пари. Меѓу нив е и Фирмата СОРОС капитал која е поврзана со трговија со оружје и резузнавачки информации.

Новинарот на Фокс Њуз побарал став од лидерот на новинарскиот истражувачки конзорциум на СОРОС. Тој му одговорил дека документите за СОРОС случајно не ги видел иако сите три компании во својот назив го содржат токму презимето на милијардерот.

Ваквото однесување на новинарите на СОРОС во Македонија уште одамна е пракса. Соросовиот клан во Македонија број мрежа од повеќе од 30 медиуми и над 100 новинари кои земаат плата од оваа невладина организација. Како и што се очекуваше, за овој скандал, не може да се прочита информација на ниту еден од соросвите портали ниту пак весници.

Во јавноста е веќе познато дека медиумите на СОРОС немаат за цел да ги информираат граѓаните туку да ја спроведуваат политиката на милијардерот која во Македонија се поврзува со опозициската партија.