Македонија
13. January 2017 - 17:07

Сорос и Орбан ги полнат насловните страници: Милијардерот не сака да се откаже од работата во Унгарија

Фондациите на Сорос повторно ги полнат насловните страници. Фокс, ББС, Блумберг ги пренесуваат ставовите на властите во Унгарија за се посилните обиди за целосно укинување на организациите на милијардерот. Токму Унгарија е во фокусот на вниманието на западните медиуми, кои во своите статии пишуваат дека ниту родната земја не го сака Сорос.

Во изјава за Блумберг пак од органзиацијата на Соросо порачуваат дека нивната битка нема да запре и нема да ги запрата своите активноисти

- Фондацијата отворено општество ќе продолжи со работа во Унгарија без разлика на спротивставувањата од страна на власта кон нашата мисија за создавање на поправедни и одговорни општества. Во Унгарија како и насекаде низ светотние сме многу повеќе фокусирани од било кога досега на работа со локални групи за да се за зацврсти демократскиот капацитет, правата на граѓаните и правдата, вели Кристофер Стон.

И ББС пишува дека се повеќе расте гневот кај невладините организации во Унгарија  поради нападите кон Џорџ Сорос. Во текстот  ги шренесуваат и обвинувањата кон организациите поддржани од Сорос кој во неговата родна земја се редовно на мета, но и поради организирање на анти-владини протести во Полска, како и се почестите кампањи кои се финансирани од нив за оцрнување на властите во Романија, Словачка и Чешка за вмешаност во кроупциски скандали.