Џет-Сет
11. August 2017 - 16:02

Сораја за прв пат го покажа дечкото - има долга коса и градено тело а еве што јавно му порача

Сораја конечно во јавноста ја претстави својата силна половина, која со месеци вешто ја криеше од јавност, меѓутоа сега направила исклучок и тоа поради специјална причина.

Всушност, на дечкото на Сораја му било роденден па старлетата на соодветен начин му честитала, а покрај тоа објавила и негова разголена фотографија од плажа.

- Среќен роденден, љубов моја. Те сакам - напишала Сораја, но лицето на саканиот сепак го прекрила со стикер.

По она што може да се види избраникот на Сораја има долга коса што многумина ги изненади. Тука е и граденото тело кое сите го забележале.

Се зборува дека Сораја и Марко се во врска околу 6 месеци, а ова е прв пат во јавност таа да изрази емоции.