Живот
27. јуни 2017 - 14:37

Сопственикот тајно го снимил поштарот: Погледнете што му прави овој човек на моето куче секој ден!

Мајкл Колинс од прозорецот снимил што прави поштарот со неговото куче. Сега видеото е хит на интернет, а има и добра причина за тоа.
 
Всушност под видеото, човекот од Нов Зеланд напишал: 
 
„Само сакам со вас да споделам нешто прекрасно! Секој ден, без оглед на тоа дали има пошта за нас или не, овој човек застанува да се поздрави со моето куче кое има 9 месеци. Иако, кучето можеби изгледа опасно, бидејќи е големо, никогаш не лае ниту `ржи. Овој човек не се плаши, секогаш застанува да го поздрави и погали. Човекот не го познавам за да го означам, но едно големо благодарам до него за доброто дело и пријателството. Сепак има некој кој секогаш ќе го чека...“