Македонија
24. April 2017 - 14:55

Сопственици на апартамни „Еуротел“ оштетени со 563.000 денари

Полициската станица Струга поднесе кривична  пријава против Д.С. (56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. 

Пријавениот, казненото дело го сторил во текот на 2014 и 2015 година во својство на претседател на заедница на сопственици на апартмански комплекс „Еуротел“ во Струга.  Бесправно за себе присвоил парични средства кои му биле  доверени по основ за гориво, телефонски сметки, храна и слично,  со што ја оштетил заедницата и се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 563.070 денари, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.