Живот
23. јуни 2017 - 11:07

Сопственичката на куќата каде е роден Хитлер ја тужи државата

Одлуката на Владата на Австрија за експропријација на куќата каде е роден Адолф Хитлер  е неуставна и постојат други начини да се спречи за местото да биде атракција за неонацистите, наведе адвокатот на поранешната сопственичка на таа куќа.

Герлинда Помер-Англохер поднесе тужба до австрискиот Уставен суд барајќи поништување на законот со кој државата ја заплени куќата во местото Бранау ам ин, на границата со Германија.

Хитлер во таа куќа е роден во 1889 година, а Австрија со години се обидува да ја откупи куќата од сопственичката и нареди експропријација тврдејќи дека не сака таа да стане место на собирање на неонацистите. Адвокатите на сопственичката тврдат дека тоа што ги привлекува нацистите 70 години после долгата светска војна нема никакви врски со правата на вистинските сопственици.

Тие апелирале полицијата и правосудните органи да го решат прашањето на собирање неонацисти, а не да ја обвинуваат сопственичката која куќата се користи на „неутрален начин“.

Претставникот на владата пред Усатавниот суд рече дека тоа не е само обична куќа, туку дека лицето кое е во неа родено направил најголеми злосторства во историјата на човештвото.

Државата планира куќата да ја претвори во Центар за помош на лица со проблеми со учењето, настојувајќи да се прекине нејзината поврзаност со идеологијата на Хитлер. Одлуката се очекува кон почетокот на наредниот месец.