Балкан
5. April 2016 - 11:47

Сопругот на Јелена останува 30 дена во притвор

Зоран Марјановиќ, сопругот на Јелена Крсмановиќ Марјанович (33) која е пронајдена мртва во неделата во каналот кај насипот во Борча и натаму е во полиција. Иако Марјановиќ во понеделникот втор пат дојде на полиграф, задржан е можно е и денеска да не го пуштат дома.

Задржувањето од 48 часа му истекува за неколку часа, па се очекува одлука со која ќе му биде продолжен притворот до 30 дена или пак ќе го пуштат на слобода.

Да потсетиме, Марјановиќ во текот на испитувањето бил под влијание на седативи, а бидејќи при доаѓањето во полиција на неговите раце се констатирани повреди, испрашувањето на полиграф е повторено.

неофицијално, повторувањето било неопходно зошто во текот на првото испитување дал одредени контрадикторни изјави.