Џет-Сет
21. April 2016 - 11:11

Сопругот на Јелена фатен во голема лага

Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ, е фатен во лага кога во полицијата е сослушан човекот со стапот кого само Зоран го спомена во изјавата на полиција.
 
Зоран во полиција изјавил дека човекотсо стапот го видел во оној момент кога неговата сопруга отишла да трча, по што исчезнала, па се дозна дека е убиена.
 
- Човекот рече дека не шета преку ден, туку само навечер поради неговата болест. Потврди дека видел како Зоран ја бара Јелена, но тоа било вечерта, а не како што тврдеше Зоран во 15 часот, вели извор од истрагата.
 
Тој поминал на полиграф и нема сомнеж дека ја зборува вистината, а тоа е спортивно на тврдењата на сопругот на Јелена дека веднаш кренал паника и почнал да ја бара.