Македонија
3. May 2017 - 12:54

Сопругот ја препозна, исчезната жена пронајдена удавена во Треска

Вчера околу 10.30 часот во близината на Кожаната во Кичево, во водите на р.Треска, била пронајдена удавена И.М.(61) од Кичево, која претходно била пријавена за исчезната.
 
Идентитетот го утврдил нејзиниот сопруг. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево телото на починатата е извадено од водите на реката.
 
Со наредба од Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.