Балкан
5. April 2016 - 16:45

Сопругот ангажирал адвокат: Полицијата од куќата на Марјановиќ изнела кутија во која држеле оружје

Три инспектори влегле во семејната куќа на Марјановиќи. Полицајците ги придружувал  свекорот на брутално убиената пејачка Јелена, Владимир Марјановиќ.

Инспектори пред еден час повторно дошле во куќата на семејството Марјановиќ, во кој со сопругот и ќерката живееле Јелена коај во саботатат сурово е убиена во Борча.

Тројца инспектори влегле во куќата придружувани од Владимир Марјановиќ, а по дваесет минути излегле од куќата носејќи маскирна торба со лак и стерла како и кутија од синтисајзер во која Марјановиќи како што пренесуваат медиумите држеле оружје. Инспекторите наводно го проверувале и Фејсбук профилот на Јелена за да се утврди дали пејачката добивала закани.

auto2-768x576

Сопругот на убиената Јелена, Зоран Марјановиќ го анагажирал адвокатот Драган Маричиќ. Во 20 часот истекува притворот на Зоран Марјановиќ по што ќе се нзае дали тој ќе биде пуштен на слободна или притворот ќе му биде продолжен на  30 дена.

Како што пренесуваат медиумите, Зоран во минатото бил репрезентативец во стрелаштво, бил трет во Србија, а учествувал и на Европско првенство.

strele

Роднините изјавиле дека модринките и раните кои Зоран ги имал по рацете ги добил откако во неделата наутро удирал по автомобилот зошто бил во целосен шок од се што се случува.

strele1

Инаку судбината на Зоран Марјановиќ зависи од наодите на ДНК анализата на генетскиот материјал најден под нејзините нокти која ќе биде готова денес околу 17 часот.