Џет-Сет
19. August 2017 - 11:12

Сопруга и мајка: Јана Бурческа го покажа трудничкиот стомак!

Јана Бурческа полека се подготвува за преземањето на две нови улоги – сопруга и мајка.

Македонската пејачка, која годинава нè претставуваше на Евровизија, го покажа трудничкото стомаче „ишарано“ со траги од бакнежи, додека уживаше на моминска забава со блиските.

24-годишната изведувачка на „Денс Алон“ неодамна откри дека ќе добие ќерка.

Јана објави дека е бремена непосредно пред да настапи на евровизиската сцена, а истата вечер доби и предлог за брак.

 

vistina.mk